Светот на ткаенината

СТИЛ – Стилот и вкусот претставуваат идентитет или имиџ на секој човек посебно. Овие работи претставуваат и мерило во подобрувањето на квалитетот на услугата и квалитетот на одбирањето или селектирањето на вистиските материјали и комбинации. Стилот и вкусот даваат сигурен патоказ по кој треба да се продолжи.

КЛАСИКА И МОДЕРНО – Комбинација која една без друга не може.
Комбинирање на топли тонови на дрво, со силни, нагласени и ексцентрични тонови на мебел штоф и еко кожа. Смиреноста и заобленоста на класиката и острите линии и граници на модерното се комбинација која може да се вклопи секаде.
Во светот на модата пак, се враќа она што некогаш било модерно, но денес се комбинира или се спојува со разиграните бои на принтовите.

РЕЛАКСАЦИЈА И ТОПЛИНА – Избор на благи и топли тонови кои даваат чувство на топлина и сигурност, опуштеност и сигурен пристап кон традиционалниот стил на живеење.
Избор на бои со кои секогаш сте на сигурно, бидејки перфектно се вклопуваат во сите делови на нашето живеење, опкружување, функционирање.

СИЛНИ ТОНОВИ – Тоновите или боите на зајдисонцето, огнот, црвеното вино и слично даваат една рамнотежа на елеганција со префинет сјај.
Во комбинација со други бои кои даваат силен контраст на она што значи страст, желба и жед, со модерно, храбро, инспиративно.
Сите тие силни и моќни тонови со текстури и бои со совршени и силни ефекти.